Клоп: Резултатот е добар, но голот на Јунајтед ги покажа проблемите на ВАР-системот

Ливерпул одигра 1-1 кај Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ во деветтото коло од Премиерлигата, но Јирген Клоп не е задоволен од одлуката на ВАР-системот при постигнување на првиот гол.

Јунајтед постигна гол преку Маркус Рашфорд, а Клоп очекуваше прекршок кој претходеше на акцијата на „црвените ѓаволи“, но и покрај прегледување на ВАР-снимката, такво нешто не беше досудено, па голот остана да важи.

„Резултатот е добар. Не е тоа што го сакавме пред мечот, но чувствувам дека треба да сме среќни. Земавме бод, откако имавме негатива. Тие беа подобри од нас во првото полувреме, а потоа постигнаа гол кој ги покажа сите проблеми на ВАР-технологијата“, порача Клоп.