Клоп криел од јавноста една ужасна вистина два и пол месеца!

Јирген Клоп денеска им соопшти на навивачите на Ливерпул една болна вистина, која ја знаел повеќе од два месеца. Станува збор за повредата на Алекс Окслејд-Чембрлејн.

Офанзивецот на Ливерпул тешко се повреди на мечот со Рома, во полуфиналето од Лигата на шампионите, на 24 април и по само 15-тина минути игра мораше да биде заменет. Уште тогаш се виде дека повредата е незгодна, а неколку дена повеќе Клоп и медицинските лица знаеле дека е потешка од што замислувале.

Популарниот „Окс“ бил опериран и веднаш му било кажано дека потребна ќе му биде рехабилитација од 12 месеци за да се врати на терените! Причина за тоа се повеќекратните опасни оштетувања на лигаментите на десното колено.

Првото природно прашање е зошто веднаш никој не соопшти ништо, но Клоп, Чембрлејн и лекарите ја чувале оваа информација за да не ја нарушат атмосферата пред финалето во Лигата на шампионите.

„Изгледа дека сега е вистински момент да ја известиме јавноста дека Алекс цела следна сезона ќе се фокусира само на заздравување од повредата. Ја знаевме оваа информација отприлика неколку дена по повредата и по операцијата. Можам да речам дека, ако го имаме на теренот идната сезона, на кој било меч, тоа ќе биде бонус. Нема да даваме веќе информации во јавноста врзани за самата повреда“, рече денеска Клоп.

Ливерпул веќе се засили на офанзивните позиции со Џердан Шаќири, а уште се преговара за трансфер на Набил Фекир од Лион.