Клоп го надмудри Емери: Ливерпул го доби дербито против Арсенал на „Енфилд“ (ВИДЕО)

Ливерпул денеска славеше во дербито на „Енфилд“ против Арсенал со 3-1, па така стана единствен тим кој забележа три победи по првите три кола во англиската Премиерлига.

Џоел Матип го постигна првиот гол за Ливерпул во 41. минута, откако беше највисок во скокот во казнениот простор на Арсенал.

Во второто полувреме Ливерпул тргна уште пожестоко, па по само 15 минути игра постигна два гола. Најпрво Мохамед Салах од пенал во 49. минута зголеми на 2-0, а потоаод игра погоди и за 3-0.

Во финишот од мечот Арсенал тргна со сите сили кон голот на домаќинот, па успеа да намали на 1-3 преку Лукас Тореира во 85. минута.