Кјелини се „пожали“: Роналдо ми ги уништи соништата!

Стоперот на Јувентус, Џорџо Кјелини го пофали својот соиграч Кристијано Роналдо за фантастичните настапи.

Кјелини е среќен што игра заедно со Роналдо, но вели дека Португалецот неколку пати му ги уништил соништата.

„Роналдо постигна многу голови против нас и ми ги уништи соништата - во Кардиф, во Мадрид и во Торино. Претходно Лигата на шампиони беше сон, но сега е цел затоа што го имаме најдобриот фудбалер во светот“, вели Кјелини.

Италијанецот се надева дека конечно ќе стигнат до посакуваниот трофеј, а во тоа ќе им помогне Роналдо.