Ќе пукне ли нова бомба на Апенините: Инсиње за 80 милиони евра се сели во Милано?

Според италијанските медиуми Лоренцо Инсиње многу лесно може да се пресели во Милано. За неговите услуги заинтересиран е тимот на Џенаро Гатусо. Милан му понудил на Наполи 40 милиони евра плус Сусо за италијанскиот репрезентативец.

Инсиње пред неколку недели истакна дека не е сигурен дали ќе остане во Наполи и следната сезона. Откупната клаузула на Сусо исто така изнесува 40 милиони евра, а неговиот агент Мино Рајола е известен за понудата на „росонерите“.

Наполи за својот капитен бара 100 милиони евра, но е спремен и за компромис. Инсиње веќе 13 сезони е дел од клубот од „Сан Паоло“, а дали оваа му е последната останува да видиме.