Кипарската лига е суспендирана откако автомобил на судија беше разнесен со бомба

Во кипарскиот фудбалски шампионат владее целосен хаос, откако била поставена бомба под автомобилот на судијата Андреа Константину. 

Полицијата го потврди случајот и соопшти дека нема повредни од експлозијата туку била направена само материјална штета. Поради ова Кипарската фудбалска федерација ги суспендираше сите натпревари од првенството, откако на протест изглегоа судиите.

Од куќата на фудбалот на Кипар го осудуваат овој напад и го нарекоа терористички акт. Луѓето од федерацијата ги обвинија дел од тренирите и новинарите, дека со нивните изјави и критики кон судиите само „долеале бензин на оганот“. 

УЕФА отвори истрага против кипарскиот фудбал поради наместени натпревари во првата и втората лига.