Тотален колапс на Мастерсот во Торонто - не игра ни Алкараз!

Откако во текот на денот Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер го откажаа своето учество на Мастерсот во Торонто, вечерва истото го направи и вториот светски рекет Карлос Алкараз што доведе до тотален колапс на турнирот во Канада.

Мастерсот е „жртва“ на згуснатиот распоред и фактот што се одржува две недели по Вимблдон (27 јули), па голем дел од тенисерите се уморни и ги чуваат силите за УС Опен. Алкараз стигна до финалето на Вимблдон и, како и лани, одлучи дека не е во можност да настапи на овој турнир со кој почнува американската турнеја.

Со тоа Шпанецот пропушти шанса да го зголеми притисокот врз Јаник Синер во борбата за првата позиција на АТП листата. Синер ќе загуби 200 бода, но Алкараз можеше добро да профитира ако се знае дека не брани бодови од лани и дека можеше да ја намали негативата во однос на својот најголем ривал.

Своето враќање го најави за Мастерсот во Синсинати кој се игра веднаш по Торонто и каде ќе ги почне подготовките за УС Опен.