
Пелистер ги пушта сезонските билети во продажба, цените се 6.000 и 7.000 денари!
Сезонските билети ќе важат за сите домашни натпревари на екипата од Битола, како за македонската Суперлига, така и за Лигата на шампиони.
„Од утре (понеделник) во 12:00 часот започнува продажбата на сезонските билети за сите симпантизери и поддржувачи на нашиот клуб.
1. Со сезонскиот билет ќе може да ги следите натпреварите на Еурофарм Пелистер во тековната македонска ракометна Супер лига каде очекуваме голем број дерби натпревари, исто така натпревари од Купот на Македонија и најбитното натпреварите од Лигата на шампиони каде меѓу другите ни доаѓа актуелниот освојувач на лигата Магдебург, славната Барса со Дикa Mем, ПСЖ со Стаинс, Шипшак, Пранди...
2. Исто ќе можете да ги следите натпреварите на нашиот втор тим Еурофарм Пелистер 2 составен од голем број кадетски и младински репрезентативци, нашата иднина, кои заедно ќе ги следиме во нивното градење во идни врвни ракометари...“, соопштија од Пелистер.
Билетите за разлика од минатата сезона се минимално поскапени, односно за централните позиции чинеа 6.500 денари (сега се 7.000), додека за страничните позиции во салата „Боро Чурлевски“ беа 5.500 денари, а сега се 6.000 денари.