Сашко Кедев стана првиот Македонец што ги искачи сите врвови над 8.000 метри! (ФОТО)

Еден од најпознатите доктори и алпинисти во земјава Сашко Кедев оствари историски успех откако прв Македонец што ги искачил сите 14 врвови во светот, високи над 8.000 метри.

Последниот го освои денеска, врвот Гашербрум во Пакистан (8.080 метри), заедно со Ванг Жонг ов Кина и непалските помошници Дава Гаље и Нгима Нуру.

„Со ова, д-р Сашко Кедев го означи искачувањето на на сите 14 врвови над 8.000 метри – и стана прв Македонец кој го направил тоа“, објави неговата експедиција.

За овој подвиг, на докторот Кедев му требаа нешто повеќе од четири години. Во 2022 стана прв Македонец кој освоил четири од 14. највисоки врвови во светот, а последната година ги искачи Макачу, Лоце и Гашербрум. Списокот на неговите освоени врвови изгледа вака: Монт Еверест, К2, Канченџунга, Лоце, Макалу, Чо Оју, Даулагири, Манаслу, Нанга Парбат, Анапурна, Шишапангма, Брод Пик, Гашербрум II и најновиот Гашербрум I.