Киеза побарал од Ливерпул да го пуштат на позајмица во Италија!
Минатото лето Киеза од Јувентус се пресели во Ливерпул за само 12 милиони евра. Италијанскиот гигант не сакаше да го продолжи договорот со него поради честите проблеми со повредите кои ги имаше.
Повредите продолжија и во Англија. 27-годишниот фудбалер само четирипати го облече дресот на Ливерпул, одигра вкупно 123 минути.
Според „Мирор“, Киеза побарал од Ливерпул да го пуштат на позајмица во Италија со цел да игра повеќе.
Голем проблем е тоа што никој во Италија не е подготвен да плати ниту половина од неговата годишна плата која изнесува 7,5 милиони евра.
Наполи, Милан и Рома се заинтересирани за Киеза, но нејасно е дали некој од нив ќе се договори со Ливерпул околу условите за позајмица.