Киднапираше луѓе, крадеше, па излезе од затвор и потпиша за Олимпијакос

Грчката екипа Олимпијакос го потврди трансферот на Рубен Семедо, кој пристигна од Вилјареал за 4,5 милиони евра.

Интересно е тоа што фудбалер до пред една година беше во затвор, а причината за тоа е што направи неколку кривични дела.

На крајот на 2017 година во еден локал во Валенсија со пиштол им се заканувал на луѓе, а потоа во ноќен клуб со шише удрил во глава еден човек. Тоа не му било доволно, па на почетокот на минатата година со двајца пријател киднапирал и ограбил човек, по што заврши во затвор. Таму помина пет месеци, а потоа беше пуштен откако му ја платија кауцијата од 30.000 евра.

Вториот дел од минатата сезона ја помина на позајмица во Рио Аве, а сега стигнува во Олимпијакос како големо засилување.