Кејн со хет-трик го распарчи Штутгарт, Баерн го освои германскиот Куп (ВИДЕО)

Баерн Минхен ја освои титулата во Купот на Германија, откако вечерва славеше со 3-0 против Штутгарт, а сите три погодоци беа дело на англискиот голгетер Хари Кејн.

По првото полувреме во кое немаше голови, Кејн во 55. минута го отвори резултатот и стрелаше за 1-0.

Напаѓачот на баварскиот гигант го зголеми водството во 80. минута (2-0), додека хет-трикот го комплетираше од пенал во втората минута од судиското надополнување.

Кејн беше извонреден оваа сезона и постигна 66 голови во сите натпреварувања, а Баерн ја освои двојната круна.

Фото: FC Bayern München/Facebook