Лацио со триумф над Пиза ја заврши сезоната во Серија А

Фудбалерите на Лацио победија против Пиза со 2-1 во последното коло од италијанската Серија А.

Сите три голови беа постигнати во првото полувреме, а прв до водство стигна гостинскиот тим преку Море во 23. минута.

Лацио во продолжение изврши притисок, па преку Дел-Баширу израмни на 1-1, а потоа Педро погоди за целосен пресврт (2-1).

Пиза ја заврши сезоната на последната позиција со 18 бодови, додека Лацио остана на деветтото место со 54 поени.

Фото: X/S.S.Lazio