Казнените методи на Мурињо – истиот тим кој играше со Наполи ќе игра и во среда!

Жозе Мурињо, актуелниот тренер на италијанска Рома призна дека долго ќе го прогонува срамот од четвртокот во Норвешка после дебаклот со Бодо Глимт (1-6), па откако цел тим во три наутро го однесе на тренинг под казна, неговите дисциплински мерки кон играчите кои го посрамотија продолжуваат.

Откако одигра реми без голови во дербито со Наполи, Мурињо веќе најави дека истиот тим што играше против наполитанците, ќе игра и во среда со Калјари, како порака за фудбалерите кои се погрижија за срамот да добијат уште една порака дека се казнети за тоа што го одиграа во Норвешка.

„Составот во среда ќе биде истиот како денешниот. Тоа е порака за соблекувалната. Тој пораз ќе ме прогонува и никогаш нема да го заборавам“, порача Мурињо.

Очигледно најголем дел од фудбалерите кои стартуваа и играа во Норвешка уште (по)долго време нема ни да припарат до првиот тим.