Катастрофална одлука: Големото „Ел Класико“ ќе се игра во работен ден

Иако следната недела (26. октомври) беше предвидено да се одигра едно од најголемите дербија во светот, помеѓу Барселона и Реал Мадрид, сепак тоа нема да се случи.

Имено, Шпанската фудбалска федерација и Ла Лига не сакаат натпреварот да се игра во Барселона. Градот, како и цела Каталонија, е преполн со протести затоа што шпанскиот Врховен суд пред две години ги осуди организаторите на референдумот за независност на Каталонија на долгорочен затвор.

Раководството на двете институции на шпанскиот фудбал не дозволува во ваква ситуација, кога Каталонија е на нозе поради одлуките на официјалниот Мадрид, да доаѓа тим од престолнината во оваа покраина.

Сериозноста на ова се гледа и во фактот дека Владата на Шпанија го објави своето спротивставување на „Ел Класико“ во Барселона. Затоа Ла Лига предложи овој натпревар да се одигра во Мадрид, а потоа дербито во март, кое требаше да биде на „Бернабеу“, се префрли на „Камп Ноу“. Но, тој предлог беше одбиен и од Барселона и од Реал.

Затоа натпреварувачкиот комитет на Шпанската фудбалска федерација е близу до одлука да го одложи „Ел Класико“ во Барселона, но на 18 декември. Ла Лига не е најсреќна на овој датум затоа што е среда, но поради презаситениот распоред на двата клуба, како и шпанскиот фудбалски календар, се чини дека е единствениот можен датум. На крајот на краиштата, на тој ден се играат натпреварите од првото коло од Купот на Кралот.