Каталонија доби уште еден прволигаш: Еспањол се врати во Примера

По само една сезона во Сегунда, екипата на Еспањол обезбеди пласман во елитната конкуренција од шпанскиот фудбал откако славеше во баражот против Овиедо.

Првиот меч, одигран минатата недела во Овиедо заврши со победа на домашниот тим со 1-0, но вечерва Еспањол триумфираше со 2-0 и ја надмина негативата. Се беше завршено во период од три минути, во 44. и втората минута од судиското продолжение во првото полувреме во кои Еспањол ги постигна двата гола, а стрелец беше Пуадо.

Така, Каталонија доби уште еден прволигаш, покрај екипите на Барселона и Жирона кои претстојната сезона ќе настапуваат и во Лигата на шампионите.