Касемиро подготвен за својот последен натпревар на Олд Трафорд
Бразилецот го пропушти натпреварот со Сандерленд, но се чини дека ќе биде подготвен за неделниот дуел со Нотингем Форест. Ова значи дека веројатно ќе биде на теренот и ќе може да се збогува со навивачите на „црвените ѓаволи“, бидејќи ова е последниот домашен натпревар на тимот во сезоната.
Мајкл Карик пред неколку дена навести дека Касемиро ќе биде подготвен за следниот натпревар. Бразилецот го напушта клубот на лето како слободен агент, бидејќи му истекува договорот. Тој одигра 34 натпревари оваа сезона и е во одлична форма, потврдувајќи го тоа со неколку важни голови. Ова ги натера навивачите да побараат тој да остане на „Олд Трафорд“, но Касемиро рече дека нема да се предомисли и дека си заминува.