Карагер: Немам видено полош Манчестер јунајтед во животов!

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер даде коментар за Манчестер јунајтед, кој оваа сезона има катастрофални резултати.

Карагер ги критикуваше „црвените ѓаволи“ по ремито против Реал Сосиедад и кажа дека ова е најлошиот тим на Јунајтед кој го видел во животот.

„Ова е најлошиот Манчестер јунајтед кој сум го видел во животот. Најмалку што можеше да се очекува со доаѓањето на Аморим е тимот да изгледа подобро отколку со претходниот тренер, но тоа не се случи“, кажа Карагер.

„Ѓаволите“ во моментов се наоѓаат во 14. место во Премиерлигата со 33 освоени бодови.