Капитенот на Ливерпул во аут до крајот на сезоната

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон ја заврши сезоната, откако го повреди коленото во претходното коло на мечот против Брајтон.

Тренерот Јирген Клоп кажа дека нема да има потреба од операција и дека Хендерсон ќе биде подготвен за стартот на следната сезона.

Хендерсон сезонава беше еден од најважните фудбалери во екипата на Клоп и одигра дури 40 натпревари, а притоа постигна четири голови и пет асистенции.