Капело: Икарди не беше капитен на Интер, туку неговата сопруга!

Напаѓачот на Интер вчера немаше добар ден, откако најпрво му беше одземена капитенската лента, која ја доби Самир Хандановиќ, а потоа беше соопштено дека нема да настапува во мечот против Рапид Виена.

Набрзо во италијанските медиуми се појавија и причините за случувањата, а очигледно за потезите на Интер кон Икарди е виновна неговата сопруга Ванда Нара.

По повод сите случувања реши да се огласи и Фабио Капело, кој испрати порака до Аргентинецот.

„Во соблекувалната на тимот не смее да се доволи сопругата на капитенот да зборува во јавност на штета на тимот. Икарди се поздравува со судијата на натпревар, но капитенот на Интер е во неговиот дом. Од тоа што го знам и што го анализирав сметам дека одлуката е на Марота, кој испрати порака до Аргентинецот“, вели Капело.