„Камп Ноу“ ќе стане стадион на духови

Од октомври се врши притисок врз Барселона од врвот на Ла Лига, а „Камп Ноу“ во најлошо сценарио би можел да стане „стадион на духови“.

Наместо стотици илјади луѓе на секој натпревар, Барселона би можела да ја гледаат само редари на еден од најголемите светски стадиони. Така барем делува по најновата изјава на претседателот на ФС на Шпанија, Хавиер Тебас.

Teбас сугерираше дека „Камп Ноу“ ќе биде затворен за навивачи, доколку на истиот тој стадион продолжи публиката да скандира против шпанската престолнина.

„Навредливите скандирања мора да се искоренат. Стадионот може да биде затворен. Процедурата е Комитетот да отвори постапка и секако, затворањето на стадионот не е единствена опција, но е една од построгите мерки“, вели Тебас.