Каков господин е Левандовски - најдобар играч е на Барса, а се согласи да му биде намалена платата

Роберт Левандовски има 36 години, но не само што не планира да ја заврши својата кариера, туку во моментов преговара за нов договор со Барселона.

Да биде уште поинтересно, иако е најдобар играч и стрелец во тимот и во Ла Лига, полскиот ас се согласил да му биде намалена платата, место таа да биде зголемена за се што направи за клубот во овие 2,5 години. Со тоа ги воодушеви не само челниците, туку и навивачите на Барселона.

Оваа сезона Лева веќе постигна 14 гола во Ла Лига и пет во Лигата на шампионите и негова заслуга е тоа што Барса се наоѓа на челната позиција во шпанското првенство со убедлива предност во однос на Реал.