Јувентус се соочува со преселба во Серија Б поради скандалот со Луис Суарез!?

Неверојатна вест доаѓа утринава од Италија и тоа за можна преселба на Јувентус во Серија Б како своевидна казна за скандалот со полагањето за италијански пасош на Луис Суарез, во кој е вклучен и составот од Торино.

Весникот „Газета дел Суд“ под знакот ексклузивно објави информација дека истрагата за испитот за италијански јазик на уарез пред десетина дена во Перуџа, ќе се води во строга тајност. Во моментов обвинителството ја прекинало истрагата, но само за момент, бидејќи премногу информации протекувале во јавноста.

Обвинителот од Перуџа, Рафаеле Кантоне, наводно, кратко ја прекинал истрагата за да се смират страстите и да видат од каде протекуваат информациите. Истовремено, весникот информира за најавата од здружението „Кодаконс“ дека по судски пат ќе побара Јувентус да биде казнет со преселба во понизок ранг, доколку се докаже дека имал влијание за Суарез успешно да го мине тестот.

Уругваецот пред десетина дена беше во Перуџа за да го полага испитот за познавање на италијански јазик, кој успешно го минал тестот. Подоцна се појавија информации дека тој, наводно, не знаел ниту еден правилен збор на италијански јазик, но сепак морал да го положи испитот, бидејќи како што било кажано во телефонските разговори, ќе добивал плата од 10 милиони евра годишна плата.

Како потврда на сето ова е и веста дека завчера во просториите на обвинителството во Перуџа на разговор биле адвокатите на Јувентус.