Јувентус подготви навредлива кореографија за Наполи (ФОТО)

Италијанските медиуми пишуваат дека навивачите на Јувентус подготвиле навредлива порака за Наполи пред вечерашниот дуел.

Традиционалното навредување нема да биде поврзано со Везув, туку со вториот италијански симбол – „Пулчинела“, популарна кукла од претстава, која се поврзува за 17. век.

На јужната трибина ќе биде поставена голема слика од куклата, која плаче над Скудетото и Купот на Италија, а покрај тоа, ќе има и порака.

Јасно е каква реакција ќе предизвика тоа на околу 3.000 гостински фанови кои за разлика од минатите сезони, ќе присуствуваат на мечот во Торино.