Јувентус не му помогна на Милан: Аталанта и Интер на победа од пласман во ЛШ (ВИДЕО)

Старо-новиот италијански шампион Јувентус не му помогна на својот голем ривал Милан за да ги остави „росонерите“ во игра за Лигата на шампиони, па денеска Аталанта во Торино освои бод со кој ја става во пол-позиција за место во европската елита заедно со Интер во однос на седумкратниот европски првак.

Аталанта ремизираше 1-1 на „Алијанц“ во Торино, па на Милан му избега еден бод, колку што бега и Интер од „росонерите“, по вечерашниот убедлив пораз во Неапол од Наполи со 1-4. На едно коло до крајот и со домашни мечеви, Аталанта и Интер сега со победи ќе го заверат настапот во ЛШ.

Аталанта во следното последно коло идната недела од 15 часот игра против Сасуоло, а Интер е домаќин на Емполи, па за Милан да оди во ЛШ, потребна им е освен победа и кикс на еден од двата ривали.

Јосип Илиќиќ во 33-та минута донесе водство за Аталанта, а Марио Манџукиќ израмни во 80-та минута на дуелот во Торино. Во Неапол, Зиелински, Мертенс и Руиз со два гола му одржаа лекција на Интер, за кој единствениот гол го даде Мауро Икарди од пенал на девет минути пред крајот.

На табелата во трката за ЛШ, Аталанта и Интер имаат по 66 бода, Милан е следен со 65, а Рома со 63 има само теоретски шанси за да стигне до место во ЛШ.