Јувентус му нуди двајца фудбалери на Јунајтед во замена за Погба

Италијанскиот шампион Јувентус е заинтересиран за услугите на фудбалерот на Манчестер јунајтед, Пол Погба, за кого е подготвен да понуди двајца свои играчи.

Англиските медиуми пишуваат дека „Старата дама“ сака да ја убеди управата на Јунајтед да го пушти Погба, така што ќе им ги понуди Пауло Дибала и Алекс Сандро.

Погба сезонава не беше во форма, па доби многу критики од навивачите, а многумина од нив сметаат дека сега е вистинското време кога треба да си замине од „Олд Трафорд“.

Да потсетиме, Погба и претходно настапуваше во Јувентус, од кадешто замина во Јунајтед.