Јувентус има конкретен план: Одиме по новиот Роналдо, само овој е 10 години помлад!

Донесувајќи го Кристијано Роналдо во летото 2018 година, Јувентус покажа неверојатна моќ на пазарот за италијански, но и за европски стандарди.

„Старата дама“ му плати на Реал Мадрид околу 117 милиони евра, а на Португалецот му дадоа годишна плата од 31 милион евра, со што направија уште попривлечна дестинација за најдобрите светски играчи.

Ова лето тие го донесоа дефанзивецот Матејс де Лихт од Ајакс за 85.5 милиони евра, иако 20-годишниот Холанѓанец го бараа и ПСЖ, Барселона и Манчестер Јунајтед.

Во првата сезона, Матијас ќе заработи 17 милиони евра и доколку се оди според планот, неговата плата ќе се зголеми значително во наредните сезони според претходно договорени работи во неговиот договор.

Тоа беше нов доказ за моќта на италијанскиот шампион, кој нема намера да застане тука. Претходно, клупскиот шеф Андреа Ањели објави дека Јуве планира да донесе „нов Кристијано Роналдо“, но не на 33 години, како што го донесе Португалецот, туку новиот би имал десетина години помалку.

Веднаш почнаа шпекулации дека тоа е Килијан Мбапе, најдобриот млад играч во светот, но со текот на времето се појавија уште неколку имиња, како што е Ерлинг Халанд од Салцбург, кој сега го следат сите европски гиганти.

Роналдо беше крајната точка на планот што го започнавме пред осум години кога Мирко Вучиниќ беше наша ѕвезда на во трансфер рокот. Направивме неколку чекори за да стигнеме до Кристијано, како Тевез, Кедира... Сите овие засилувања покажаа дека Јувентус може да донесе големи фудбалски имиња. Кога Роналдо, играчот број еден во светот, пристигна во Јувентус, стана јасно дека секој играч би сакал да дојде прво во Јувентус, а не во Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед или Барселона. Денес сè е можно и купувањето на Де Лихт е доказ за тоа. Нашата следна цел е да купиме нов Кристијано Роналдо, но помлада верзија, изјави Паоло Аикарди, претседател на акционери на Јувентус.