
Јувентус ѝ без Игуаин покажа кој е газда во Торино! (ВИДЕО)
Мечот започна шокантно за „бјанконерите“, кои останаа без Игуаин во 15. минута поради повреда. Сепак тоа не ги спречи да постигнат гол во 33. минута преку Сандро, по една одлична акција.
Торино се обидуваше да израмни, а најголемата шанса на натпреварот ја имаше Белоти во првите 45 минути, кога испрати еден удар со глава, но топката заврши покрај десната статива на голот.
Оваа победа е многу важна за Јувентус, кој продолжува со одличната серија од победи, па му преостанува жестока битка против Наполи за врвот во калчолигата.