Јувентус го договори првото засилување - најдобриот голман во Серија А

Шчесни или Перин ќе си заминат од Јувентус во текот на летото бидејќи торинскиот клуб го догвоори првото засилување за идната сезона.

Тоа ќе биде голманот на Монца, Микеле ди Грегорио кој оваа сезона беше прогласен за најдобар на својата позиција во Серија А. Јувентус за него ќе плати 18 милиони евра со потенцијални бонуси до 2 милиона, а 10% од сумата оди на сметката на Интер каде Ди Грегорио ја почна кариерата. Годишната плата на 26-годишниот голман ќе изнесува 2 милиона евра.

Својот последен натпревар во дресот на Монца, Ди Грегорио требаше да го игра токму против Јувентус попладнево, но не се најде во почетната постава на Монца.