Јуве пронајде замена за Пјаниќ, пристигнува „моторот“ на Челси!?

Миралем Пјаниќ би можел да го напушти Јувентус, а доколку тоа се случи, „бјанконерите“ имаат спремено замена. Се работи за „моторот“ во тимот на Челси, Нголо Канте.

Преставници на тимот од Торино веќе исконтактирале со агентите на Французинот, а наводно позитивни сигнали има и од самиот фудбалер бидејки би сакал да ја промени средината.

Од Торино најверојатно ќе си замине и Сами Кедира, а ако тоа го стори и Босанецот Пјаниќ, тогаш е јасно дека Канте е прв фаворит за преселба во италијанскиот шампион.