
Јунајтед конечно одигра доминантна партија и го прегази Лестер! (ВИДЕО)
Фудбалерите на Јунајтед конечно заиграа по нотите на Аморим и остварија сигурен триумф.
Резултатот беше отворен во 28. минута кога Хојлунд даде гол по асистенција на Бруно Фернандеш.
Во 57. минута Гарначо се израдува на погодок, но му беше поништен поради офсајд.
Десет минути подоцна Аргентинецот даде нов гол, овојпат регуларен за водство на Јунајтед од 2-0.
Конечните 3-0 ги постави Бруно Фернандеш во 90. минута.