Јунајтед ги победи лондонските гиганти во борбата за суперталент од Рома!?

„ЕСПН“ пишува дека фудбалерот на Рома, Џенгиз Ундер ќе се пресели наскоро во Англија, но нема во Лондон, од каде што за него покажаа интерес Арсенал и Тотнем.

Манчестер јунајтед е фаворит за услугите на талентираниот 21-годишен турски фудбалер, кој би требало да го купат за 35 милиони евр.а

Турчинот не е задоволен во Рим, поради лошиот старт на новата сезона на клубот, па поради тоа решил да си ја побара среќата на друго место.

Интерес за него покажуваше и Челси, но тие во последно време не се споменуваат како посериозен кандидат за неговиот потпис.