Јунајтед договори Парагваец за левата бековска позиција
Клубот од Олд Трафорд го договори првото засилување за идната сезона, а тоа е парагвајскиот лев бек Диего Леон. Останува уште да ги помине лекарските прегледи по што од јуни ќе стане играч на Манчестер Јунајтед.
Леон има само 17 години и тоа е причината што нема веднаш да се приклучи на премиерлигашот. Неговиот досегашен клуб Серо Портено за трансферот ќе добие 4 милиони долари, плус 1 милион во бонуси.