Јовиќ промовиран во Реал Мадрид: Јас сум сега најсреќното дете на светот!

Српскиот напаѓач Лука Јовиќ ги помина медицинските прегледи во Мадрид, па потпиша договор со Реал на шест години, по што денеска беше презентиран пред навивачите.

„Кралевите“ за потписот на Јовиќ ќе платат 60 милиони евра на Ајнтрахт Франкфурт, а третина од парите ќе заминат кај неговиот поранешен клуб Бенфика.

„Во моментов сум најсреќното дете во светот. Сигурен сум дека донесов вистинска одлука и се надевам дека Реал ќе ми помогне да освојам многу титули“, вели Јовиќ.

Србинот минатата сезона за Ајнтрахт одигра 48 меча во сите натпреварувања, а притоа постигна 27 погодоци и седум асистенции.