Јашари го „ловат“ повеќе клубови, а тој сака само еден - Милан!

Милан сака да го купи швајцарскиот репрезентативец кој настапува за Клуб Бриж, Ардон Јашари, но конкуренција во трката има од Борусија Дортмунд.

Милан веќе ги договори личните услови со Јашари, а во тек се преговорите со Клуб Бриж. Росонерите подготвуваат официјална понуда до белгискиот клуб кој не планира лесно да се откаже од својот фудбалер.

Но, од неодамна во трката се приклучи и Борусија Дортмунд која исто така го сака швајцарскиот фудбалер.

Наводно, Јашари има желба да потпише само за Милан, тоа ги прави росонерите фаворити во трката по неговиот потпис.

Неговата вредност според „Трансфермаркт“ изнесува 32 милиони евра.