
Јамал се договори со Барселона - ќе потпише до 2031 година и ќе добие откупна клаузула!
Јамал ќе заработува 20 милиони евра по сезона, а притоа ќе потпише договор до 2031 година и ќе има откупна клаузула од милијарда евра.
Шпанскиот репрезентативец со овој договор ќе стане трет најплатен фудбалер во составот на каталонскиот гигант, зад Френки Де Јонг (23 милиони евра) и Роберт Левандовски (25 милиони евра).
Младиот фудбалер оваа сезона настапи на 35 натпревари во Ла Лига, а притоа постигна девет голови и 13 асистенции.
Фото: Facebook/FC Barcelona