
Јамал освен џуџиња, за роденденот барал да има и русокоси старлети со - големи гради!
Според неа, организаторите инсистирале на прецизни критериуми за изгледот на девојките – „блондинки со специфична големина на гради“ – а на гостинките им било забрането да користат мобилни телефони. Моделот открива дека целиот процес бил обвиен со тајност, а точната локација на забавата била откриена само неколку часа пред почетокот.
„Доколку прифатевме, сè ќе ни беше платено – авионски лет, хотел, храна, буквално сè што ќе посакавме. Добивме картички со пари кои можевме да ги трошиме, но од моментот кога ја добивме, се сметаше дека сме се согласиле на сè, иако не знаевме што ќе ни биде побарано“, изјави 25-годишната Калво.
Официјални информации од страна на фудбалерот или неговиот тим засега нема, а според шпекулации, на забавата присуствувале и други познати личности. Фотографии и видеа од настанот речиси и да нема, што предизвикува сомнежи за висок степен на дискреција што буди сомнежи. Калво вели дека била една од само 12 одбрани девојки и предупредува дека целата ситуација може да прерасне во скандал со потенцијални правни последици за младиот фудбалер.
Претходно, Јамал беше нападнат бидејќи изнајмил и лица со низок раст (џуџиња) да присуствуваат на забавата (види ТУКА).