Скандал: Јамал изнајмил џуџиња за роденденската прослава - ќе добие тужба!

Мега ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал изминатиот викенд го прослави својот 18. роденден на кој имаше фудбалери, ѕвезди од шоу бизнисот, инвлуенсери, а публиката ја забавуваа познати пејачи.

Но, Јамал на забавата ангажирал и луѓе со многу низок раст. Иако на забавата било строго забрането користење на телефони, некој успеал да ги сними џуџуњата како влегуваат на забавата.

Поради тоа се огласи „АДЕЕ“, Здружението на лица со ахондроплазија и други коскени дисплазии во Шпанија, кое, како што е наведено на неговата веб-страница, се занимава со обезбедување поддршка, здравствени услуги, видливост и заштита на правата на лицата со гореспоменатите попречености.

„За време на прославата, неколку луѓе со раст на џуџе беа ангажирани да учествуваат во забавни активности, без друга цел освен да служат како атракција и спектакл. Ќе преземеме мерки преку правни и социјални канали за да го заштитиме достоинството на лицата со попреченост. Овие дејствија не само што го кршат законот, туку и основните вредности на општеството кое се стреми да биде егалитарно и почитувачко“, велат од здружението.

„Апсолутно е неприфатливо во 21 век, луѓето со раст на џуџе да продолжат да се користат исклучиво како забава или атракции на приватни забави“, рече Каролина Пуенте, претседателка на здружението.