
Синер и Алкараз се многу подобри од Ѓоковиќ во оваа фаза од кариерата
Јасно е дека својот 24. роденден (16 август) ќе го дочека со четири титули на најголемите турнири, а тоа му дава право да биде оптимист дека може да влезе меѓу легендите на овој спорт ако продолжи со ова темпо. Тоа уште повеќе важи за Карлос Алкараз кој има само 22 години, а веќе пет пати славеше на Гренд слем турнирите.
Нормално е по секој ваков турнир да се прави споредба со рекордерот по бројот на освоени Гренд слем трофеи, Новак Ѓоковиќ, па така е и по завршувањето на Вимблдон. И Синер и Алкараз во моментов е поуспешни од Ѓоковиќ во оваа фаза од кариерата, односно кога српскиот ас имаше 24 години.
Својот 24. роденден, тој го дочека со само два Гренд слем трофеја и двата на Австралија Опен, во 2008 и 2011 година. Дури потоа влезе во серија и во следната деценија ги надмина и Федерер и Надал кои тогаш му беа конкуренција. Синер на 24 години ќе има четири трофеи, а Алкараз има уште безмалку две сезони дополнително да ја подобри својата колекција која во моментов брои пет титули, но и да не освои ништо, пак ќе биде подобар од Ѓоковиќ.
Со оглед на тоа што останатите тенисери во моментов не им се конкуренција, може да се очекува во сезоните што претстојат тие двајца да одиграат уште многу епски финалиња и да поделат меѓу себе голем број титули на Гренд слем турнирите.