„Чест ми е што го запознав Трамп – одличен актер, сум го гледал многу пати во Сам Дома!“

Фудбалерите на Челси синоќа триумфираа на првото Светско клупско првенство (СКП) во проширен формат, но славјето делумно им беше прекинато со шоуто на американскиот претседател, Доналд Трамп, кој им го додели пехарот, но потоа не сакаше да се тргне и славеше со нив на победничкиот пиедестал.

Најмногу зачуден од неговиот потег беше јунакот на „сините“ од Лондон, Кол Палмер, кој прво остро изреагира кога виде дека првиот човек на САД не си заминува, а потоа даде урнебесна изјава поврзана со него.

„Чест ми е што се запознав со Трамп. Многу пати го имам гледано филмот 'Сам Дома', Доналд е највистина добар актер“, изјави Палмер, најверојатно саркастичн