
Дембеле прокоцка шанса на животот, друга ѕвезда е фаворит за „Златната топка“
„Франс Фудбал“ објави дека на 22 септември во Париз ќе ја додели престижната награда, а според обложувалниците во моментов ситуацијата е променета и најголеми шанси за освојување на титулата има Ламин Јамал.
Дембеле делуваше катастрофално на Светското клупско првенство, посебно во финалето каде што буквално „исчезна“ на теренот, а според многумина поради тоа ја прокоцкал шансата на животот за освојување на трофејот.
Фото: Facebook/PSG - Paris Saint-Germain