
Нов предизвик за Чешмеџиев: Македонецот ја продолжи кариерата во БиХ
Чешмеџиев се враќа во БиХ, каде што денеска беше претставен како ново засилување на Радник, а претходно во истата држава играше за Вележ од Мостар.
„Константин е нов фудбалер на Радник. Го претставуваме новото засилување во одбраната. Искусен македонски интернационалец кој доаѓа од Гостивар“, соопшти босанскиот тим.
Македонецот претходно играше за Шкупи, Шкендија, Македонија ЃП, Брера Струмица, Вележ, Славија Софија, Септември Софија и други тимови.
Фото: Facebook/FK Radnik Bijeljina