
Жоао Педро со солзи во очите: Не можам да објаснам што се случува! (ФОТО)
Додека траеше натпреварувањето, Жоао Педро потпиша со Челси од Брајтон и им се приклучи на новите соиграчи. Доби неколку минути во четвртфиналето, а беше стартер во полуфиналето и финалето.
Успеа да постигне три гола за толку малку време и беше еден од најзаслужните за трофејот. По натпреварот зборуваше низ солзи.
„Бев 40 дена на одмор и пристигнав на средина од турнир, на кој настапуваа големи клубови. Она што го искусив е необјасниво. Не знам што да ви кажам“, вели Жоао Педро.
„Ова е моето прво финале, искусувам нешто неверојатно. Постигнав два гола во полуфинале, еден во финале. Навистина не можам да објаснам што се случи“.
ФОТО: X/Chelsea FC