Јаховиќ во идеалниот состав за месец октомври во Турција (ФОТО)

Македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ има одлична сезона во дресот на Малатијаспор во турскиот шампионат. По неговите фантастични игри тој заслужено се најде во идеалниот состав за месец октомври во Суперлигата. 

Изминатиот месец Јаховиќ на три натпревари постигна пет голови. Четири пати стрелаше во мрежата на Денизлиспор во победата од 5-1, а потоа погоди и против Кајзериспор во триумфот од 4-0. 

Јаховиќ се наоѓа на врвот на листата на стрелци во Суперлигата и го дели првото месо со Папис Сисе со по девет голови на десет натпревари.