Изгледа сѐ е решено: Винисиус ја донел конечната одлука!

Бразилската ѕвезда Винисиус Жуниор донел конечна одлука да ја заврши својата епизода во Реал Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми. Иако во изминатиот период се водеа интензивни преговори за продолжување на договорот, двете страни не успеале да најдат заеднички јазик околу финансиските услови.

Според информациите, Винисиус бил разочаран од понудата на „кралскиот клуб“ и смета дека не ја добива вредноста што ја заслужува како еден од најважните играчи во тимот. Поради тоа решил да ги прекине разговорите и да ја разгледа можноста кариерата да ја продолжи во друга средина.

За неговиот потпис веќе подолго време интерес покажуваат клубови од Саудиска Арабија, кои се подготвени да му понудат рекорден договор, а во игра остануваат и неколку европски гиганти кои внимателно ја следат ситуацијата, пред се Арсенал. Во Реал Мадрид не сакаат лесно да се откажат од бразилскиот репрезентативец, но доколку не дојде до пресврт во преговорите, клубот би можел да биде принуден да размисли за негова продажба уште во текот на овој преоден рок, наместо да ризикува дополнително да падне неговата трансферна вредност.

Случајот со Винисиус се очекува да биде една од најголемите трансфер-саги до крајот на летниот преоден рок, а во наредните недели би требало да биде познато дали Бразилецот навистина ќе стави крај на успешната соработка со Реал Мадрид.