Италијанецот не се спаси: Јувентус му даде отказ на Сари! (ФОТО)

Јувентус синоќа беше елиминиран од Лион во осминафиналето на Лигата на шампиони, па медиумите шпекулираа дека Маурицио Сари ќе добие отказ, а таа информација ја потврди и самиот клуб.

Романо објави на Твитер дека тренерот Сари добил отказ од страна на Јувентус, а веднаш потоа стигна и официјално соопштение од италијанскиот шампион.

Се шпекулира дека на кормилото на Јувентус ќе пристигне Маурицио Покетино, за чиј потпис се бори и Барселона.