Италијанците обвинуваат: Елмас не направи прекршок, Јуве доби гратис слободен удар!? (ВИДЕО)

Јувентус синоќа славеше во големото дерби против Наполи со 4-3, откако Калиду Кулибали си постигна автогол во финишот од мечот, а претходно Елиф Елмас направи прекршок врз Пауло Дибала, по што следуваше погодокот.

Сепак, денеска во италијанските медиуми се појавија наслови дека Елмас всушност не направил прекршок врз Дибала, а во прилог на тоа како доказ го прикажуваат видеото, на кое може да се забележи ситен контакт, но според дел од медиумите тоа не требало да биде санкционирано.