Историја: Конте стана прв тренер кој го освоил Скудетото со три различни екипи!

Италијанскиот тренер Антонио Конте ги изненади сите оваа сезона и го предводеше Наполи до титула во Серија А, со што се запиша во историјата како тренер кој го освоил Скудетото со три различни екипи, откако претходно славеше со Јувентус и Интер.

Конте, иако имаше минимални шанси за Скудетото, оваа сезона создаде моќен состав во Наполи и во последното коло од Серија А ја обезбеди неговата петта титула како тренер во калчолигата.

Искусниот стратег претходно освојуваше три титули во лигата со Јувентус, како и една со Интер.

Фото: Facebook/SSC Napoli