Клоп: Тоа што се пишува за мене е ср*ње!

Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп ги негира гласините кои го поврзуваа со Рома и вели дека во наредните години нема да биде тренер на ниту еден клуб.

Силни беа гласините кои го поврзуваа Клоп со Рома, но тој тврди дека нема никаква вистина во тоа.

„Нема да бидам тренер на Рома. Приказната е срање“, вели Клоп.

„Ако прочитате било какви гласини дека јас ќе бидам тренер на некој тим во наредните неколку години, тоа е срање. Бидете сигурни во тоа“.

Јирген Клоп во моментов е вработен во Ред Бул, тој е главен за спортскиот дел во сите фудбалски клубови кои ги има оваа компанија за енергетски пијалоци.