Иско го засилува Унион Берлин во битката за титула со Баерн Минхен

Поранешниот шпански репрезентативец и ѕвезда на Реал Мадрид, Иско, кој летоска си замина од шпанската престолнина, па после само шест месеци зимава ја напушти и Севилја е многу близу да го засили германскиот бундеслигаш Унион Берлин, кој е второпалсиран моментно и на само еден бод од лидерот и првак Баерн Минхен.

Германски „Билд“ објави дека Унион Берлин веќе воспоставил контакт со Иско и јасно му предочиле дека го сакаат во тимот, а информацијата дека на крајот од овој преоден рок се започнати преговори со Шпанецот дошле и до соблекувалната, па таму се скандирало иметоп на Иско од фудбалерите, кои се воодушевени од можноста да играат со него ако дојде.

Иско од Малага замина во Реал Мадрид, со кој освои пет европски титули, а зимава се поврзуваше со трансфери во Англија, Италија и американската МЛС-лига, но најверојатно ќе заврши во германската Бундеслига и аспирациите на Унион Берлин уште повеќе ќе пораснат во овој втор дел од сезоната со надеж дека ќе можат да се тркаат до крај со недопирливите Баварци за шампионскиот трофеј.

Овој клуб пред неколку дена за вкупни 10 милиони евра го купи и хрватскиот десен бек Јосип Јурановиќ од шкотски Селтик.